Поранешната сопруга на Брус Вилис, Деми Мур, минатата недела објави нови фотографии од актерот за неговиот роденден. Но, се чини дека тие предизвикаа загриженост кај неколку лекари, кои веруваат дека фотографиите не ја одразуваат неговата вистинска состојба.
„Трагично за мене е тоа што овие фотографии на Инстаграм се само навидум нормални. Тоа е вистинската трагедија на ситуацијата на Брус. Оваа болест, не влијае на надворешниот изглед. Таа е предизвикана од она што се случува внатре во телото”, истакна д-р. Стјуарт Фишер за Дејли Меил.
View this post on Instagram
Уште неколку лекари, кои не се во медицинскиот тим на Брус, веруваат дека актерот има „маскиран израз на лицето“ на фотографиите и дека повеќе „не покажува емоции“. Тие исто така изјавија дека Брус гледа на страна на речиси секоја фотографија и сето тоа го поврзаа со фронтотемпоралната деменција која му беше дијагностицирана во 2023 година.
За потсетување, Брус Вилис ретко се појавуваше во јавноста од 2022 година. Тогаш прво му беше дијагностицирана афазија, нарушување на говорот, кое подоцна премина во фронтотемпорална деменција. Неговата сопруга Ема често зборува за оваа дијагноза на својот Инстаграм.
View this post on Instagram
Неговата ќерка Талула Вилис еднаш рече дека Брус „се чувствува на ист начин, што е добро во неговата ситуација“. „Нашите посети имаат толку многу љубов и мислам дека тоа надминува сè“, додаде таа.
Иако состојбата на Брус е тешка за целото семејство, Талула вели дека „создаде можност за повеќе љубов“ меѓу нив.