Ќерката на претседателот на Камерун објави дека сака девојка: предизвика бурни реакции

d836fa72-d11a-405b-abe3-bd2dc14634a3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Ќерката на претседателот на Камерун, Пол Бија, Бренда Бија на Инстаграм објави фотографија на која се бакнува со бразилски модел и на тој начин предизвика бура од реакции бидејќи хомосексуалноста во таа земја е нелегална.

26-годишната Бренда, инаку музичарка позната како Кинг Насти, објави фотографија на која се бакнува со бразилската манекенка Лајонса Валенза, а во публикацијата испрати јасна порака.

„Јас сум луда по тебе и сакам тоа да го знае целиот свет“, напиша таа, а подоцна сподели статија објавена во францускиот магазин „Монд“ во која вели дека „излегла од плакарот“. Покрај тоа, таа сподели и пораки со поддршка од следбениците.

View this post on Instagram

A post shared by 𝕭𝖗𝖊𝖊 𝕬𝖓𝖆𝖘𝖙𝖆𝖘𝖎𝖊 𝕭𝖎𝖞𝖆 ⛈️ (@kingnastyy)

Откако ја објавила фотографијата, голем број Камерунци се јавиле со коментари а таа се нафрлила на нив следниот ден, објавувајќи фотографија од Женева, Швајцарија, со натпис: „Што по ѓаволите не е во ред со вашите ставови?

Хомосексуалноста е нелегална во Камерун, а луѓето во истополови врски се соочуваат со затворска казна до пет години. Меѓутоа, бидејќи ќерката на претседателот не живее во Камерун, не и се заканува казна.

Инаку, законите на оваа земја предизвикаа жестоки критики од групите за човекови права.

Пред две години, „Хјуман рајтс воч“ повика на „итни чекори да се укине овој дискриминаторски закон и да се обезбеди почитување на човековите права на сите Камерунци, без оглед на нивната сексуална ориентација, родов идентитет или сексуални карактеристики“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK