Ќерката на Моника Белучи многу личи на нејзината мајка, луѓето се восхитуваат на нејзината убавина

ггг-6.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Дева Касел(19) е новиот меѓународен амбасадор на Диор за мода и шминка.

„Имам голема почит кон куќата на Диор, а нивниот женствен и префинет имиџ отсекогаш бил мој сон“, изјавила манекенката и актерка, ќерка на актерите Моника Белучи и Винсент Касел. Таа додаде дека сака да биде во линија со Диор, „која ги претставува младите жени на денешницата, но и продолжување на традицијата“.

Таа сподели фотографии од снимањето на Инстаграм, каде што ја следат повеќе од 1,2 милиони корисници.

Родена во Рим во 2004 година, Дева Касел пораснала и во Франција и Бразил. Затоа зборува пет јазици. Таа почна да се занимава со манекенство на 15-годишна возраст, појавувајќи се на насловните страници на списанијата и шетајќи по модните писти за време на бројни модни недели.

Дева покрај манекенството не го запоставува ниту актерството. Таа доби улога во серијата Леопард на Нетфликс, која пристигнува во септември. Станува збор за серија инспирирана од италијанскиот филмски класик во режија на Лучино Висконти, кој го освои Златниот лав во 1963 година. Дева ќе ја игра Анџелика Седара.

“Не планирам да одам на факултет во моментов. Неодамна завршив средно училиште. Ќе се посветам на работилниците за моделство и глума. Можеби подоцна ќе се вратам на учење”, изјави Дева последен пат за The Glass Magazine.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK