Карис Даглас откри дека борбата на нејзиниот татко Мајкл со ракот уште повеќе го зближила нивното семејство, иако призна и дека би сакала тој да нема 82 години.
Карис Даглас (23), ќерката на Кетрин Зита-Џонс и Мајкл Даглас, позираше за својата прва самостојна насловна страница на списание – декемвриското издание на шпанската верзија на ELLE. Во придружниот напис, таа отворено зборуваше за своето семејство и за растењето.
На Мајкл Даглас му беше дијагностициран рак на грлото во четврта фаза во август 2010 година, кога Карис имаше само седум години. Веќе следната година, откако помина низ хемотерапија и зрачење, беше прогласен за излечен од рак.
View this post on Instagram
Лекарите открија тумор во коренот на јазикот откако тој побара лекарска помош поради постојана болка во грлото.
Осврнувајќи се на тој тежок период од нејзиното детство, Карис за списанието изјави:
„Како дете, не сфаќав целосно дека татко ми можел да почине кога имав седум години. Знаев дека ситуацијата е сериозна, но дури сега можам да замислам како би било да пораснам без него. Неговата болест нè зближи уште повеќе и ме натера да размислувам за смртноста.“ Потоа додаде:
„Да се има постар татко е голем дар, но понекогаш посакувам тој да нема 82 години, иако сум многу благодарна за неговото искуство и мудрост. Не верувам дека некогаш целосно ќе ја разберам смртта или ќе најдам конечен одговор на тие прашања. Сепак, во ред е да се размислува за тоа. Болеста ве принудува секој ден да живеете со свеста дека такво нешто може да се случи.“
View this post on Instagram
За време на интервјуто, таа се осврна и на дискусијата околу таканаречените „непо-бебиња“ (деца на славни личности кои добиваат можности благодарение на своите родители), по неодамнешната страсна одбрана на децата на познатите актери што ја изнесе нејзиниот татко.
Оваа година, Карис го имаше своето професионално деби на театарската сцена, играјќи ја главната улога на Нина во претставата „Галеб“ од Антон Чехов, во Бруклин.
Таа откри дека, пред да ја започне својата актерска кариера, родителите ја предупредиле оти луѓето ќе создаваат однапред заземени ставови за неа.
View this post on Instagram
„Не ми криеја дека луѓето ќе имаат одредени предрасуди кон мене, уште пред да ме запознаат. Ме научија дека изградбата на сопствениот идентитет зависи само од мене – и од никого друг. Тоа беше моја одговорност, а таква е и денес. Со текот на времето, сфатив дека постојат различни начини за справување со таков вид притисок“, изјави младата актерка, како што пренесува Daily Mail.