Ѕвездата на филмот „Опенхајмер“, ирскиот актер Килијан Марфи, го чува својот приватен живот подалеку од очите на јавноста, а претходно призна дека ги мрази славата и богатството и дека сонува за ден кога тие два аспекта од неговиот живот ќе бидат целосно одвоени, пишува „Мирор“.
47-годишниот актер е во брак со Ивон Мекгинис речиси 20 години и имаат две деца, 18-годишниот син Малахи и 17-годишниот Аран, со кои живеат во областа Монкстаун на југот во Даблин во дом од 1,5 милион фунти.
Станува збор за стара куќа, која се состои од шест двокреветни спални соби и дневна соба со камин. Меѓутоа, во куќата нема вај-фај, а актерот еднаш објасни зошто решил да им го скрати интернетот на своите деца и зошто не сака мобилни телефони.
„Јас сум татко на двајца тинејџери, а порано бев млад. Разбирам колку е тешко за еден млад човек во денешното општество. Многу е сложено времето да порасне, работите се менуваат многу бргу. Сите сме свесни за ефектот на интернетот и онлајн-животот. Ми се чини дека децата живеат во овие уреди“, рече тој.