Холивудската ѕвезда со блескава насмевка, Камерон Дијаз, синоќа го одбележа својот 51 роденден.
Светските шоу-биз медиуми не штедат пофални зборови за Камерон, која инспирира милиони жени со својот талент, убавина и харизма.
Таа е навистина ѕвезда во секоја смисла на зборот. Неверојатна актерка, автор, претприемач и мајка.
Глумеше во неколку кинохитови: „Маска“, „Има нешто во врска со Мери“, „Свадбата на мојот најдобар пријател“, „„Ангелите на Чарли,“, Одмор“ и други, а исто така, ѝ го позајми гласот на принцезата Фиона во анимираниот класик „Шрек“.
Популарноста на Дијаз вртоглаво порасна по нејзината улога во филмот „Маска“ во кој глуми со Џим Кери.
Напиша и две најпродавани книги за здравје и благосостојба, The Body Book и The Longevity Book.
Во декември 2019 година, Камерон и нејзиниот сопруг Бенџи Маден, гитарист на бендот „Гут Шарлот“, добија ќерка со помош на сурогат мајка.
Камерон одлучи да се повлече од актерството во 2014 година. Речиси десет години подоцна, таа го најави своето враќање со Back in Action („Повторно во акција“) со Џејми Фокс во главната улога.
Бенџи се огласи на Инстаграм првпат по речиси шест месеци за да изрази љубов и почит кон својата сопруга, нарекувајќи ја негова кралица. „Многу сум благодарен што го имаме нашето семејство, јас сум еден среќен човек“.
Претходно, Гвинет Палтроу ѝ го честита роденденот на својата блиска пријателка со емотивна објава на Инстаграм. „Една од најголемите личности што ги познавам,“ напиша таа.
Нивното пријателство датира повеќе од една деценија.