Според најновото истражување, луѓето кои се сметаат за „ноќни птици“ имаат подобри когнитивни функции од оние што рано стануваат.
Истражувањето било спроведено на 26.000 луѓе кои доцна си легнуваат, а покажало дека имаат подобри резултати на тестовите за интелигенција и меморија, пишува денеска Гардијан.
Како што покажува оваа студија, верувањето дека оние кои легнуваат доцна не успеваат да направат многу во текот на денот не е точно.