Холивудски ѕвезди кои слават православен Божиќ

Холивудски-ѕвезди-кои-слават-православен-Божиќ.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Православните верници го слават најрадосниот и најголемиот празник Божиќ, а меѓу нив се и некои од најпознатите имиња на Холивуд.

Имено, многу холивудски фаци ја почитуваат оваа традиција поради нивното потекло, а има и такви кои преминале во православие благодарение на нивните партнери.

Ким Кардашијан секогаш гордо го истакнува своето ерменско потекло, а љубовта и почитта што ја чувствуваше кон нејзиниот татко Роберт не се намалија дури ни кога тој почина.

Поради оваа причина таа го слави Божиќ на 25 декември, но и на 7 јануари поради децата и сопругот.

Познатата манекенка Наоми Кембел не потекнува од православна земја, но за време на врската со рускиот милијардер Владислав Доронин се приклучила на Руската православна црква, па соодветно го слави Божиќ.

Својата вера и Том Хенкс ја потчинил на љубовта, па влегувајќи во вториот брак, со актерката Рита Вилсон, го прифатил православието. Нејзиниот татко е од Бугарија, а нејзината мајка е со грчко-албанско потекло.

Познато е дека популарната актерка Џенифер Анистон има грчки корени.

Нејзиниот татко Џон е роден со името Јанис Анастасакис на островот Крит во Грција, а актерката е позната и како некој кој многу често донира пари за Грчката православна црква.

Познатата актерка, Милица Богдановна Јововиќ, попозната како Мила Јововиќ, е родена во Киев во семејството на Галина Логинова, поранешна руска актерка и Богдан Јововиќ, српски лекар.

Мила ја крсти и својата ќерка во Руската православна црква во Лос Анџелес.

Кристијан Бејл веќе дваесет години е во брак со моделот со српско потекло Сандра Блажиќ, попозната како Сиби.

По нивната венчавка, актерот се приклучил на православната црква, па Божиќ го слави на 7 јануари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK