51-годишната поранешна манекенка и ТВ водителка Хајди Клум беше една од учесниците на ревијата на L’Oréal, која се одржа во Париз.
Брендот ги собра своите амбасадори за годишното шоу за време на модната недела во Париз, а темата беше зајакнување на жените, инклузија и сестринство. Меѓу многуте учесници беше и Хајди Клум, која го привлече вниманието во црн фустан од латекс.
На ревијата беа и Камила Кабело, Кендал Џенер, Ева Лонгорија и Џејн Фонда.