Деми Мур откри ригорозен режим за слабеење: Лудо е тоа што му го направив на своето тело

Screenshot-2024-09-25-073855.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Актерката Деми Мур откри како се вратила во форма откако го родила своето второ дете Скаут Вилис.



„Се изложив на голем притисок. Ми рекоа дека морам да ослабам. Иако коментарите можеби беа непријатни и понижувачки, го направив поради тоа“, рече 61-годишната актерка, пренесува Дејли мејл, и го откри својот ригорозен режим.

Во тоа време, Мур сè уште живееше со актерот и сопруг Брус Вилис, со кој има три ќерки – Румер, Скаут и Талула.

За потсетување, актерката во своите мемоари Inside Out напиша дека во дваесеттите и триесетите била опседната со вежбање и се чувствувала како да не може да престане да вежба. Лудоста започна во 1992 година, кога глумеше во A Few Good Men.

View this post on Instagram

A post shared by Demi Moore (@demimoore)

„Добивањето форма за тој филм ја започна мојата опсесија со вежбање што ме трошеше во следните пет години. Не се осмелив да се откажам“, напиша таа. Нејзиниот режим во тоа време вклучувал трчање, возење велосипед и кревање тегови до два часа на ден.

Во нејзините 40-ти, таа одлучи дека е време да забави. Таа се оддалечи од напорните тренинзи и почна да вежба Бикрам јога. Докажано е дека „ја подобрува силата на долниот дел од телото, опсегот на движење на долниот и горниот дел од телото и рамнотежата кај здрави возрасни лица“, тврди National Library of Medicine.

Мур толку многу се заљубила во оваа активност што неколку години подоцна станала инструкторка на Кундалини јога, која се фокусира на подигање на индивидуалната свест преку техники на дишење и пози.

View this post on Instagram

A post shared by Demi Moore (@demimoore)

Неодамна Деми се појави на насловната страница на септемвриското издание на магазинот Interview, а многумина истакнаа дека актерката изгледа одлично на фотографиите.

„Холивуд е суров кон жените на таа возраст, бидејќи нема повеќе сценарија или улоги кои им одговараат. Или си мајка или си доволно возрасен за да не се сметаш за секси“, рекла таа во интервјуто.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK