„Гугл“ најави бришење стари, неактивни „Џи-мејл“ профили

google-inbox
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Гугл“ ќе ја заостри својата политика во врска со неактивните „Џи-мејл“ адреси за електронска пошта оваа година. Оние кои сакаат да го задржат својот профил на „Џи-мејл“ (Gmail) ќе мора да влезат во него барем еднаш на секои 24 месеци бидејќи профилот може да биде избришан.

Според „старите правила“ од 2020 година, кога беше укинат бесконечниот простор за „Гугл фотос“, компанијата „Гугл“ ги бришеше податоците зачувани на профилите доколку корисникот не се логирал две години, но од оваа година таквите профили ќе бидат целосно бришени. Новото правило стапува во сила најрано во декември оваа година, па оние кои сакаат да ја задржат својата „Џи-мејл“ адреса, ќе треба треба да се логираат. Според наводите, отстранетите „Џи-мејл“ адреси веќе нема да бидат достапни, како за нивните првични корисници, така и за други, идни зачленети.


Кога новите правила ќе стапат во сила, компанијата ќе почне со бришење профилии коишто „не биле допрени“ во ниту еден миг по создавањето, а исто така има намера да испрати повеќе известувања на адресата во неколкуте месеци пред конечното бришење.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK