Ѓорѓе Давид, Ивана Петерс и Бресквица направија незаборавен концерт за роденденот на Кисела Вода

Kisela-Voda.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По повод прославата на двата родендена, 69-тиот на Општина Кисела Вода и 30-тиот на култниот бенд Суперхикс, вечер од 19 часот во паркот во Расадник ќе се одржи забава со бројни гости на бендот како Дани Димитровска, Фолтин, Гоце Саф, Ја, Дека и Зека од Војводина, Битолски камерен оркестар, 21 век  и многу други.


Синоќа, како што соопштија од Општината, на истата локација Ѓорѓе Давид, Ивана Петерс и Бресквица одржаа незаборавен концерт во рамки на Културното лето 2024 на Општина Кисела Вода. На третата фестивалска вечер на Културното Лето 2024, публиката уживаше во жанровски различни музички вкусови и со што се покажа дека и понатаму концертите и добрата забава остануваат да бидат заштитен знак на на Општина Кисела Вода.

Настанот започна со македонските изведувачи- Андријана Петрушевска, Омер Џаферовски, Славица Ангелова и Александар Јосифовски. Џорџе Давид и Ивана Петерс донесоа одличен рок звук и хитови кои публиката ги дочека со огромни аплаузи. На сцената имаше и одлични дуети со македонските изведувачи. По нив следеше популарната Бресквица, која во моментот е една од најбараните пејачки, посебно кај помладата генерација.

На настанот публиката ја поздравил градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски кој им се заблагодарил и на присутните и на изведувачите за одличната забава во очи денешниот роденден на Општина Кисела Вода и потенцирал дека со ваква сплотеност и убава енергија се испишува новата историја на Кисела Вода.

„Среќа е кога сите сме на едно место и заеднички ја споделуваме. А вечерва, заедно со сите, како еден од вас покажавме колку сме горди на најубавата наша Кисела Вода. Ви благодарам на секој еден од вас – за сите стиснати раце, заедничките слики и прегратки за поддршка! Огромно благодарам на најзаслужните за оваа радост вечерва – Ѓорѓе Давид, Бресквица, нашата Андријана Петрушовска, неповторливата Ивана Петерс и сите ѕвезди кои вечерва ни го приредија ова. Знаете, испишуваме историја – Храброто срце на Скопје, Кисела Вода повторно живее! Продолжуваме утре, Суперхикс подготвуваат вистинско изненадување за сите вас! Се гледаме на најдобрата журка во Скопје, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски по што следеше голем огномет“, стои во соопштението.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK