Холивудската актерка Џесика Алба (45) сподели серија фотографии на кои покажува како го поминала август досега – од деновите во бикини и семејните моменти до голф игрите и времето со нејзиното момче, 11 години помладиот од неа, Дени Рамирез.
„Август досега“, напиша Алба со објава на Инстаграм, во која повторно ја покажа својата зачудувачка фигура.
View this post on Instagram
Таа ја започна објавата со големо селфи во бикини со животински принт, позирајќи во затворен простор, додека прозорците зад неа нудат поглед на морето.
Алба го надополни своето бикини со тигарски принт со слоевити златни ѓердани и бордо очила за сонце.
View this post on Instagram
Како и обично, нејзиниот изглед повторно се издвои како главна тема на мрежите, но и на сите медиуми, а нејзините извајани стомачни мускули го украдоа целото внимание, па сите повторно се прашуваа како е можно да родила три деца.