Принцот Вилијам неодамна присуствуваше на годишната церемонија „Tusk Awards“, каде што доби значајна поддршка од лејди Амелија и лејди Елајза Спенсер, внуки на покојната принцеза Дијана.
„Tusk Awards“ е годишен настан што се одржува во Лондон, посветен на лидери и поединци кои работат на заштита на природните ресурси и наследството на Африка.
View this post on Instagram
Според медиумските извештаи, настанот има големо значење за британската круна – особено за принцот Вилијам – бидејќи тој е еден од неговите покровители и клучен иницијатор на настанот.
Иако неговата сопруга, принцезата Кејт Мидлтон, не можеше да присуствува и да ја даде својата поддршка, внуките на покојната принцеза Дијана со задоволство ја презедоа таа улога.
Судејќи според фотографиите и разните објави на социјалните мрежи, лејди Амелија и леди Елајза Спенсер беа едни од главните теми за разговор на настанот. Сестрите привлекоа внимание со своите модни избори и природна убавина.
View this post on Instagram
За оваа пригода, Амелија се одлучи за елегантна и ненаметлива креација од „Оскар де ла Рента“, која ја следеше линијата на нејзиното тело, истакнувајќи ја нејзината прекрасна фигура. Златниот фустан имаше реси долж работ и суптилен израз на деколтето. Својот изглед го заокружи со дискретна шминка во неутрални тонови и софистицирана, високо подигната пунџа.
View this post on Instagram
Што се однесува до нејзината сестра, леjди Елајза Спенсер, таа се одлучи за малку поинаков стил – иако и таа ја покажа својата доверба кон модната куќа „Оскар де ла Рента“. Таа избра структуриран сребрен фустан што ја нагласува фигурата, украсен со цветни детали на горниот дел и на долниот дел од креацијата.
View this post on Instagram
Вреди да се напомене и дека дизајнот вклучува отворен грб, што на изгледот му дава женствена нота.
Исто како и нејзината сестра близначка, леjди Елајза го комплетираше својот изглед со шминка во нежни, земјени тонови и фризура со подигната коса.