Шарлиз Терон уште еднаш ја оправда својата титула на вистинска дива. За еден настан, таа избра комбинација што го привлече вниманието на јавноста, а кај мажите во публиката измами воздишки.
Синоќа во Лос Анџелес се одржа 17-тото доделување на наградите „Гувернерс“, на кое присуствуваа бројни ѕвезди од светот на забавата.
View this post on Instagram
Прекрасната Шарлиз Терон привлече посебно внимание, блескајќи во впечатлива креација. Таа носеше фустан од Том Форд – дизајн составен од два поврзани дела, кој оставаше впечаток на вистинска заводничка.
View this post on Instagram
Стануваше збор за макси фустан со прав крој, кој ја истакнуваше нејзината витка фигура, дополнително нагласена со длабок шлиц. Сепак, најупадливиот елемент не беше самиот фустан, туку градникот кој претставуваше составен дел од целата комбинација.
View this post on Instagram
Тој откри една поинаква страна од неа – заводничката – внесувајќи секси нота во овој елегантен, речиси воздржан фустан.
View this post on Instagram
Шарлиз го заокружи својот изглед со софистицирана фризура (коса собрана нагоре) и минимална шминка, со акцент на впечатлив црвен кармин.
View this post on Instagram
Таа носеше и црни чевли со високи потпетици, кои дополнително ја издолжија нејзината силуета.
View this post on Instagram