Моделот Бар Рафаели го освои светот со својата нереална убавина и харизма на која малкумина можат да одолеат. Ја паметиме како поранешен ангел на „Викторија сикрет“ кој ги освои модните писти низ целиот свет, но и како поранешна девојка на Леонардо Дикаприо.
Таа беше во врска со него четири години. Денес, Рафаели е среќно мажена за претприемачот Ади Езра и имаат две ќерки и еден син.
View this post on Instagram
Иако не е толку активна во светот на манекенството, познатата Рафаели може да се најде на интернет. Таа често објавува содржини од нејзиниот приватен и деловен живот, а една од нејзините фотографии предизвика вистинска возбуда на интернет.
Таа објави селфи во долна облека на која ја покажа нејзината витка фигура и телото какво што би сакале многу жени.
View this post on Instagram
Компилацијата фотографии предизвика лавина од реакции на Инстаграм, а повеќето од нив ѝ кажаа едно нешто – дека изгледа нереално по три породувања.