Николас Кејџ покажа сосема поинаков изглед кога се појави со својата сопруга, Рико Шибата, на свеченото отворање на Музејот за наративна уметност „Лукас“ во Лос Анџелес.
Актерот Николас Кејџ (62) имаше разбушавена сребрено-сива коса и брада, а изгледот го надополни со големи црни очила за сонце додека позираше покрај својата 31-годишна сопруга, Рико Шибати. Тој изгледаше сосема непрепознатливо, а неговиот нов имиџ веднаш привлече внимание.
Николас избра свечено вечерно сако со суптилен кружен дезен. Тој искомбинира откопчана бела кошула со црни панталони и црни чевли-мокасини со висок сјај.
View this post on Instagram
Рико се одлучи за комбинација во боја на слонова коска. Таа носеше блуза со висока јака, широки панталони и долг капут со проѕирни ракави и манжетни со врзување.
Како моден додаток избра мала црна чанта со златно синџирче, додека маникирот во живи бои внесе разигран елемент во инаку неутралната комбинација. Двојката цело време се држеше за раце, покажувајќи им на сите дека нивната љубов е силна како и првиот ден.
View this post on Instagram
Николас претходно откри дека тој и Рико се запознале во Јапонија, споени од заедничката љубов кон животните. Говорејќи за „Entertainment Tonight“ на премиерата на филмот „Pig“ во 2021 година, тој се присети на првата средба со својата идна сопруга.
View this post on Instagram
„Се запознавме во Јапонија и мислев дека таа е прекрасна уште во моментот кога ја видов. Имавме многу заеднички нешта“, изјави актерот, за кого ова е петти брак.