(Фото) Најзгодната „пензионерка“ хипнотизира со своите долги нозе: таа сè уште е без конкуренција


Screenshot-2025-05-14-063457.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Славната Алесандра Амбросио прошета на отворањето на 78-от Кански филмски фестивал и ги остави сите без здив.


Убавата Бразилка е позната по својот провокативен изглед, и иако нејзин омилен терен е плажата, таа одлично се снаоѓа и на црвениот тепих.

За оваа пригода, таа избра фустан од Ели Сааб во посебна зелена нијанса. Алесандра ги истакна градите, но имаше и висок шлиц кој ги откриваше нејзините долги нозе.

Вниманието го привлече и еден посебен детаљ на нејзините раце, специфични крзнени ракави, додека околу вратот имаше импресивна огрлица.

Прекрасната манекенка ја стилизираше косата на наједноставен можен начин, додека целиот изглед го надополни со елегантни сандали.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK