Моделот Ирина Шајк е сосема подготвена за новата летна сезона, како што покажа со нови фотографии на својот Инстаграм профил, меѓу кои се издвојуваат оние во бикини.
Во последно време, таа објавува фотографии од егзотични одмори, а откако го покажа своето извајано тело во впечатливо црвено бикини, се одлучи за едно во понеутрална боја, но далеку посмело.
View this post on Instagram
Додека горниот дел е обичен и едноставен, долниот дел од бикинито е направен од врвки и изгледа многу интересно, а воедно и малку авангардно.
Овој совршен летен аутфит го комплетираше со ѓердан од дрвени монистра, а меѓу морето фотографии, има и такви во кои позира без шминка, во сосема лежерен изглед, како и уште една комбинација што се покажа како хит во изгледот на Ирина – бикини и врвка околу половината.
View this post on Instagram
Ирина Шајк има речиси 24 милиони следбеници на Инстаграм, и јасно е зошто секогаш предизвикува возбуда со вакви слики…