Холивудскиот актер Џош Духамел ги преживува најубавите семејни моменти. Тој на 53 години стана татко по трет пат. Џош и неговата сопруга Одра Мари добија ќерка, а добрата вест ја споделија со своите следбеници на социјалните мрежи.
Актерот го потврди доаѓањето на новото бебе на својот Инстаграм профил и откри дека на малото девојче ѝ дале необично име.
„Рока де Леон Духамел, нашето мало девојче пристигна“, напиша Џош.
View this post on Instagram
Ова е второ заедничко дете на Џош и 32-годишната Одра, кои пред шест години го добија синот Шепард.
Од претходниот брак со пејачката Ферги, кој траеше од 2009 до 2019 година, актерот има и дванаесетгодишен син, Аксел.
Интересно е што Духамел ја негува традицијата да им дава оригинални и впечатливи имиња на своите деца, што и овој пат го привлече вниманието на јавноста.
Во интервју за медиумите пред раѓањето, Џош не ја криеше возбудата за доаѓањето на девојчето, нагласувајќи дека татковството го смета за негова најважна улога во животот.
„Не знам што да мислам за тоа. Едноставно едвај чекам да ја запознаам. Мислам дека има нешто посебно во врската меѓу татковците и нивните ќерки. Различно е“, изјави актерот за E! News.
Актерот претходно зборуваше за списанието „People“ за тоа колку ужива гледајќи ги различните ликови на своите синови.
Додека шестгодишниот Шепард покажува голема страст кон автомобилите, исто како и неговиот дедо по мајка, постариот Аксел има сосема различни интереси.
„Тој е повеќе заинтересиран за статистика во фудбалот и кошарката. Но, тоа е убавината на генетиката. Секој е малку различен“, рече Духамел.
фото/Depositphotos