Фејсбук се извини за ненамерното „автоматско“ испраќање пријателства

fb
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фејсбук се огласи за случајот од пред неколку дена кога илјадници корисници осознаа дека автоматски се испратиле барања за пријателство до случајни луѓе чии профили другите крисници ги прегледале. Утрово многу корисници добија известување од социјалната мрежа.







„Прегледајте ги барањата за пријателство во дневникот на активности. Неодамна решивме проблем поради кој некои барања за пријателство беа испратени по грешка. Се извинуваме и ги откажавме барањата за пријателство што беа испратени поради оваа грешка. Може да го отворите дневникот за активности за да ги прегледате барањата за пријателство што сте ги испратиле или примиле“, гласи пораката.

Тој своевиден интернет-хаос настана минатата седмица, кога некои корисници препознаа дека интернет-страната Фејсбук самата испраќа барања за пријателство до профили прегледани од корисникот „испраќач“ или до сосем непознати луѓе. Проблемот се појавил на светско ниво.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK