Фанови ѝ порачаа на Џејда Пинкет Смит: Престани да зборуваш

Фанови-ѝ-порачаа-на-Џејда-Пинкет-Смит-Престани-да-зборуваш.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сопругата на Вил Смит, Џејда Пинкет Смит, моментно е во кампања на промовирање на своите нови мемоари.


Актерката е позната по тоа што нема влакна на јазикот, а нејзината книга Worthy не е исклучок.

Таа раскажува за својот живот, од деновите на дилање дрога во Балтимор до бракот со Вил Смит, а во текот на промоцијата на книгата, во едно интервју, откри дека таа и Вил всушност живеат одвоено веќе седум години, но се трудат да го поправат бракот.

Џејда наиде на бурни реакции поради ова, а фановите на Вил ѝ порачаа да престане да зборува.

Споделувањето детали и информации не е ништо ново за една типична славна личност која соголува сè кога пишува мемоари. Сепак, луѓето ја молат Џејда да престане да открива делови од својот приватен живот.

Многумина се огласија на социјалните мрежи за да ја изразат својата фрустрација поради тоа што добиваат толку многу вести за нејзиниот живот. „Може ли да престанат да ја интервјуираат Џејда Пинкет Смит, сериозно?“ напиша еден корисник, а друг додаде: „Ако треба лично да платам луѓето да престанат да ја интервјуираат Џејда Пинкет Смит, се колнам во Бога дека ќе го направам тоа.“

„Кому треба да платам за да престанам да слушам за Џејда Пинкет Смит?“.

„Знам толку многу за Џејда и сето тоа е против моја волја. Ве молам престанете“, додаде трет, па дури и спортскиот коментатор Стивен Смит побара да сопре соголувањето на приватниот живот. Тој конкретно ги таргетира нејзините откритија за Вил.

„Не е моја работа, само знам дека е срамно и гротескно неправедно јавно да го озборуваш сопругот! Јавно. Тој е Вил Смит. Колку мал сакаш да го направиш? Како можеше да го сториш тоа? Тоа е претерано сурово,“ напиша коментаторот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK