Ема Вотсон сподели топлес фотографија, фановите се воодушевија: „Ти си совршена“

Screenshot-2024-04-22-081922.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ема Вотсон, ѕвездата на филмовите за Хари Потер каде ја играше улогата на Хермиона Гренџер, сподели малку поинаква фотографија со своите следбеници на социјалните мрежи за нејзиниот 34-ти роденден, а многу обожаватели го пофалија нејзиниот изглед.


Холивудската актерка објави две црно-бели фотографии. Додека во едната носеше мокра маица, во другата позираше топлес и носеше само фармерки. Судејќи по коментарите, изгледа дека нејзините роденденски фотографии ги воодушевиле нејзините фанови кои и дале бројни комплименти.

View this post on Instagram

A post shared by Emma Watson (@emmawatson)

„Ема Вотсон засекогаш ќе остане најубавата жена на светот“, „Како оваа убава жена има веќе 34 години?“, „Жената е буквално божица“, „Ти си совршена“, беа само дел од коментарите на нејзините фотографии.

Инаку, Вотсон се повлече од актерството пред пет години, велејќи дека тогаш се чувствувала заробена. „Ми беше многу тешко да морам да зборувам и да продадам нешто над кое навистина немав контрола. Секој новинар прашува: „Дали ова се согласува со вашите ставови? Беше фрустрирачки бидејќи немав збор“, рече Вотсон.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK