Актерката Бриан Хауи, најпозната по улогата во серијата „Џини и Џорџија“, и нејзиниот сопруг Мет Зиринг, објавија на социјалните мрежи дека го очекуваат своето второ дете. Тие ја објавија среќната вест на Денот на мајките.
„Еве нè, повторно растеме. Среќен Ден на мајките“, напиша таа под објавата во која позира во тесна жолта облека.
View this post on Instagram
Бриан и Мет се во брак пет години и ги чуваат своите животи подалеку од очите на јавноста. Пред две години добија девојче, а полот на нивното второ бебе сè уште е непознат.
Бројни колеги и пријатели им честитаа во коментарите, а на актерката најмногу ѝ порачуваа дека втората бременост ѝ одговара совршено.
Во претходните изјави, Бриан откри како мајчинството многу ја променило, но и ѝ помогнало подобро да ја разбере својата улога во популарната серија на Нетфликс.