Актерката Хана Мури (36), најпозната по улогите на Гили во „Игра на тронови“ (Game of Thrones) и Кеси во серијата „Скинс“ (Skins), стави крај на својата актерска кариера и порача дека е среќна што веќе не е дел од тој свет. Мури, која со години е надвор од рефлекторите на јавноста, во своите мемоари со наслов „The Make-Believe: A Memoir of Magic and Madness“ ја откри вистинската причина за повлекувањето од Холивуд.
Таа признава дека била вовлечена во велнес-култ, што на крајот резултирало со психотичен слом и хоспитализација, додавајќи дека денес чувствува огромен бран на радост бидејќи повеќе не се занимава со глума. Мури проговори и за огромниот емоционален притисок на славата, особено по улогата на Кеси во „Skins“, лик кој се бореше со нарушување во исхраната. Таа се соочила со токсични коментари на интернет за нејзиниот изглед, развила зависност од читање на тие содржини, а подоцна и бил дијагностициран и биполарен нарушување, поради што долго време се мачела со депресија и покрај успешната кариера.