Џорџ Клуни: Не постои таква дрога што би ме натерала повторно да го играм Бетмен

Џорџ-Клуни-Не-постои-таква-дрога-што-би-ме-натерала.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Актерот Џорџ Клуни неодамна изјави за „Entertainment Tonight“ дека „нема доволно дрога во светот за да го натера повторно да го направи Бетмен“. Актерот претходно изјави дека прифаќањето на улогата на Бетмен била една од најголемите грешки во неговата кариера.

Клуни првпат го играше иконскиот лик во Бетмен и Робин во 1997 година заедно со Арнолд Шварценегер и Ума Турман. Џорџ се појави на почетокот на оваа година во улогата на Брус Вејн во последните сцени на „The Flash“. За неговото кратко појавување во филмот, Клуни сакаше да го носи истиот Бетмен костум што го носел претходно (костимот е познат по гумените брадавици).

Прашав: „Каде се моите брадавици?“ Тие ми рекоа: „Можеме ли без брадавиците“, а јас реков: „Тогаш тоа не е мојот Бетмен, нели?“ – изјави актерот.

Во подкастот на „Awards Chatter“, тој призна дека Бетмен и Робин не бил добар филм. Всушност, Клуни го нарече филмот неуспешен во 2019 година и рече дека му одржа лекција. „Морав да размислам како работам. Не бев само актер во филм, туку бев одговорен за филмот“, рече Клуни.

Бен Афлек оттогаш ја презеде улогата, а Клуни претходно му порача да не оди по неговите стапки. „Всушност разговарав со него за тоа. Му реков: „Немој да го правиш тоа“. Тоа беше само од моето искуство“, му откри Клуни на Хауард Стерн во 2020 година. Сепак, Клуни смета дека Афлек (51) завршил одлична работа.

Роберт Патинсон е последниот актер кој глумеше суперхерој, глумејќи во Бетмен со Зои Кравиц како Жена мачка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK