Џорџ Клуни: Мојот син ја наследи мојата смисла за хумор, горд сум

kluni.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал зборуваа со новинарите на црвениот тепих на наградите Алби минатата недела. Познатиот актер откри дека неговите деца ја наследиле неговата смисла за хумор.


„Александар и Ела го прават тоа“, призна Џорџ, а Амал објасни: „Нашиот син има пристап до многу холивудски реквизити, како лажни бубашваби и глувци, па не можам да ви кажам што наоѓам под моите документи или под мојата перница”.

„Кога Александар ќе се шегува и Џорџ ќе го види тоа, тој само го гледа и му вели: „Горд сум на тебе, синко“, рече и Амал.

Џорџ тогаш рече дека всушност „никогаш не бил погорд“ и додаде: „Сега Александар ќе ми се јави и ќе ми каже: „Има нешто важно што треба да ти кажам, тато“, а јас ќе кажам: „Што?“ а потоа ми ја спушта слушалката“, низ смеа изјави познатиот актер. „Учи од најдобрите“, се пошегува Амал на крајот.

Познато е дека Клуни е секогаш насмеан и расположен во јавноста и подготвен да ги забавува сите околу себе. Фотографиите направени неодамна, на 81. Филмски фестивал во Венеција, се доказ за тоа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK