Секое дете заслужува да расте со ЉУБОВ – хуманитарна кампања во НЕПТУН

111.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Трета година по ред компанијата НЕПТУН МАКЕДОНИЈА ја организира кампањата “ЗАОКРУЖИ СМЕТКА” така што им овозможува на своите потрошувачи на лесен, брз и едноставен начин да можат да помогнат на оние кои им е најпотребно – децата без родителска грижа.



Во наредните три месеци од 01 октомври до 31 декември секој купувач ќе може да се приклучи во семејството поддржувачи на СОС Детско село – ќе може да ја заокружи својата сметка на каса и да донира со износ по свој избор во рамките на сметката.

Целта на оваа кампања е да се подигне свеста за потребата за поддршка на децата од оваа ранлива група и да се поттикне индивидуалното донаторство – секој граѓанин да има можност индивидуално да делува и да допридонесе за сигурна иднина на децата без родителска грижа.

ЗАОКРУЖИ СМЕТКА ВО НЕПТУН И ДОНИРАЈ ЗА СИГУРНА ИДНИНА НА МЛАДИТЕ БЕЗ РОДИТЕЛСКА ГРИЖА

ПР

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK