Џенифер Лопез и Бен Афлек снимени додека страсно се бакнуваат на улица

Џенифер-Лопез-и-Бен-Афлек-снимени-додека-страсно-се-бакнуваат.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Папараците ги фатија Џенифер Лопез и Бен Афлек додека споделуваат страстен бакнеж по ручекот во Лос Анџелес.


Тие посетија ресторан кој се наоѓа недалеку од нивниот дом. Потоа почнале да одат кон автомобилот, а пред да седнат, Бен ја притиснал сопругата на ѕидот и почнал да ја бакнува.

Лопез неодамна откри дека никогаш не планирала да се смири со Бен Афлек. За време на гостувањето во радио емисијата Кајл и Џеки О Радио шоу, каде што зборуваше за врската, таа особено ја изненади изјавата дека морала да се пронајде по нивната неуспешна свршувачка.

„Се заљубив во љубовта на мојот живот и од различни причини моравме духовно да растеме и да правиме други работи. И двајцата имавме односи со други луѓе, имавме деца, но секогаш ја имав мислата во мојата глава: ‘Добро, она нашето се случува само еднаш во животот.’ А кога се вративме заедно, едноставно не можев да поверувам. А знам дека ни тој. Навистина не го планиравме тоа“, изјави пејачката.

Лопез и Афлек почнаа да се забавуваат во 2002 година, а подоцна истата година се верија. Сепак, парот се раздели во 2004 година, откако ја одложи својата венчавка една година претходно. По неколку години разделени, Лопез и Афлек конечно се обединија во 2021 година и се венчаа во 2022 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK