Џастин Бибер (30) е фотографиран во Њујорк како изгледа напнато и исцрпено, а фановите се почесто шпекулираат за можни брачни проблеми со неговата сопруга Хејли Бибер.
Пејачот беше облечен опуштено, препознатлив стил за него. Носеше светло жолт дуксер, широки карго панталони и меки влечки што личеа на домашни влечки.
Извори за Дејли Меил велат дека пријателите на Хејли се повеќе се загрижени за „неприфатливото однесување“ на Џастин, а некои наводно ја повикуваат да го остави.
View this post on Instagram
Минатата недела Џастин се обиде да ги отфрли гласините за брачна криза објаснувајќи дека ненамерно ја отследел Хејли на Инстаграм. Неколку часа откако тврдеше дека неговата сметка е хакирана, тој се врати на социјалните мрежи и објави фотографии со Хејли од нивното патување во Аспен за да покаже дека се уште се заедно.