Принцот Вилијам (42) не планира да го покани својот помлад брат, 39-годишниот Хари на неговото крунисување кога ќе дојде време, пишува Дејли Мејл.
Имено, браќата веќе некое време не се блиски, а се верува дека не разговарале речиси две години.
„Оваа година тој е фокусиран на сопругата, децата и таткото. Неговиот брат не е нешто за што да се разговара“, рекол извор за Дејли Меил.
И на кралот Чарлс и на принцезата Кејт им е дијагностициран рак. Хари и Меган наводно дознале за дијагнозата на Кејт во исто време со пошироката јавност.