Бракот кој го потресе кралското семејство: бајката се претворила во ужас, насилство и неверства

en.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кога 23-годишната Ен Кок се омажи за шкотскиот аристократ Колин Тенант во Норфолк на 21 април 1956 година, изгледаше како свадба од бајките, но времето покажа друга страна на приказната.


Лејди Ен, ќерка на Ерл од Лестер, беше богата убавица чие семејство со генерации беше многу блиско со кралското семејство. Нејзината баба била љубовница на Едвард VIII, а нејзиниот татко коњушар на Џорџ VI, додека таа беше деверуша на крунисувањето на покојната кралица Елизабета, а подоцна и дворска дама на принцезата Маргарет.

Ен беше голема пријателка на младите принцези Маргарет и Елизабет, тие го поминаа своето детство заедно, додека Колин беше наследник на баронот Гленконер и на величествениот семеен имот во Шкотска. Тој ја запозна Ен на еден од баловите.

Следуваше бракот, кој, како што е познато во британскиот двор, бил мрачен и насилен, истакнува „Дејли мејл“.

Колин, подоцна лорд Гленконер, бил физички и емоционален насилник кој честопати беснеел поради најмала ситница. Тој, исто така, постојано и бил неверен на Ен, од самиот почеток на нивниот брак, а се шпекулира дека бил наводно бисексуалец.

Според Ен, која сега има 91 година, Колин станал непријатен и насилен уште на првата брачна ноќ. Имено, тој се пожалил на нивниот сексуален живот и за да ја едуцира, ја испратил во париските бордели. И покрај тоа што се во брак 53 години и заедно имаат пет деца, нивниот сексуален живот, според дворјаните, никогаш не се подобрил. Во некои моменти и ставал ЛСД во пијалокот за да не биде поенергична и порасположена.

Најгрдата страна на неговиот лик, според Ен, дошла до израз откако Колин го купил карипскиот остров Мустик во 1958 година. Откако потрошил голем дел од своето богатство градејќи ново село, тој се сметал себеси за крал и така се однесувал со Ен.

Како што раскажува Ен, неговата ароганција пораснала до таа мера што чувствувал право физички да ги напаѓа луѓето. Ен вели дека никогаш нема да ја заборави ноемвриската ноќ во доцните 70-ти кога тие го прославувале роденденот на своите ќерки близначки.

Откако таа вечер била во бар, таа дошла на роденденот и се извинила што доцнела. Колин грубо ја зграпчил, ја ставил во својот автомобил, а потоа ја удрил со стап по главата. Тогаш се исплашила дека ќе ја убие.

Потоа Ен завршила со сериозни повреди – тапанчето и пукнало, оставајќи ја глува на тоа уво до ден-денес.

Ен вели дека тогаш се извинил бидејќи видел што направил, следеле среќни моменти, но потоа дошле на ред љубовниците.

Таа раскажа дека разводот не доаѓал во предвид, бидејќи ја учеле дека бракот е нешто што е вечно.

Колин бил ужасно љубоморен. Иако со него поминувала колку што можела повеќе време, Лејди Ен главно живеела во Англија со децата, додека тој повеќе сакал да живее на Карибите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK