За само еден ден на социјалните мрежи урнебесно се прошири најавата за тетовирање во Пожега. Тие напишаа дека нудат бесплатна тетоважа на Андреј Пленковиќ и покажаа како би изгледала.
Многумина можеби мислат дека ова е добра шега среде избори – но не е. Згора на тоа, сопственикот на салонот за Индекс изјави дека многу луѓе веќе се јавиле за термин.
„Понудата е повеќе од сериозна, што е поткрепено со големиот одзив на споменатата објава. Ме повикуваат од сите страни. Низ мојата долгогодишна работа истетовирав многу личности, а сега решив да направам една тетоважа како подарок, со оглед на тоа дека изборите се актуелни“, објасни сопственикот на првото и најстарото студио за тетовирање во Пожега.
View this post on Instagram
Сепак, признава, настанал проблемот што повеќе луѓе се пријавиле за тетоважа – многу повеќе отколку што очекувал.
“Ќе треба да подготвам неколку верзии на тетоважата. На пример, лут Пленковиќ, среќен, загрижен Пленковиќ, Пленковиќ во разни пози, варијации во боја или црно-бело”, додал сопственикот, кој, изгледа, ќе има многу повеќе работа овие денови отколку што се надеваше.
„Постојано правам некоја игра со акција или подарок, но овој одговор ме изненади“, заклучил тој.