Бен Афлек и Џенифер Лопез во друштво на Џенифер Гарнер и децата

Бен-Афлек-и-Џенифер-Лопез-во-друштво-на-Џенифер-Гарнер.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пејачката и актерка Џенифер Лопез и актерот Бен Афлек се венчаа во 2022 година, откако ја обновија својата врска 17 години по раскинувањето на свршувачката.


Во меѓувреме, Бен беше во брак со колешката Џенифер Гарнер, со која имаше три деца, ќерките Виолет и Серафина и синот Семјуел. Од друга страна, Лопез беше во брак со пејачот Марк Ентони, со кој ги има близнаците Макс и Ема.

Афлек и Гарнер се разведоа во 2018 година, по 13 години брак, а Лопез тогаш имаше вереник. Меѓутоа, и таа набрзо ја раскина свршувачката, а недолго потоа се појавија гласини дека таа и актерот се смириле.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Сплетни прямиком из закулисья (@rumor_has_it____)

Тоа се покажа како точно, а малку подоцна се венчаа, прво тајно во Лас Вегас, а потоа им приредија интимна церемонија на своите најблиски. Сепак, Бен остана во добри односи со поранешната сопруга, а како што постојано нагласуваа, Лопез одлично се сложува со Гарнер.

Тие тројца неколку пати се фотографирани заедно како разговараат и учтиво се поздравуваат, а сега се фотографирани и по еден настан во Лос Анџелес.

Џенифер Гарнер пристигна на настанот со нејзините и двете деца на Бен – Серафина и Семјуел, додека Афлек и Лопез дојдоа со нејзината ќерка Ема. Тие излегоа насмеани и расположени и уште еднаш докажаа дека сите можат добро да соработуваат, пред се заради децата.

Како што објавија медиумите, Бен одлично се сложува со новиот избраник на поранешната сопруга – Џон Милер.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK