Принцезата Јуџин го роди своето трето дете, девојче, во болница во Лисабон. Бебето е родено во понеделник во 18:20 часот по британско време, со тежина од 2.970 грама. Ова е трето дете за принцезата и нејзиниот сопруг Џек Бруксбенк.
Бакингемската палата соопшти дека кралот Чарлс, кралицата Камила и другите членови на кралското семејство се „воодушевени од среќната вест“.
Принцезата Јуџин, 36, исто така го потврди раѓањето на нејзината ќерка на Инстаграм.
„Џек и јас сме многу среќни што го објавуваме доаѓањето на нашето девојче. Пресреќни сме“, напиша таа.
View this post on Instagram
Името на девојчето сè уште не е откриено.
Двојката веќе има два сина – Августус Филип Хоук Бруксбенк, роден во 2021 година, и Ернест Џорџ Рони Бруксбенк, роден во 2023 година.
View this post on Instagram
Новороденото девојче нема да биде прогласено за Кралско Височество. Таа моментално е 15-та во редот за британскиот престол, а нејзиното раѓање ќе го помести принцот Едвард, војводата од Единбург, едно место подолу.
Јуџин и Џек Бруксбенк се венчаа во октомври 2018 година и сега живеат помеѓу Португалија и Ајви Котиџ, куќа во рамките на Кенсингтонската палата во Лондон.
View this post on Instagram
Девојчето е петто внуче на принцот Ендру. Иако неговите ќерки ги задржаа своите кралски титули, ниту Јуџин, ниту нејзината сестра Беатрис не извршуваат службени должности во име на британското кралско семејство.
Јуџин работи како директорка во уметничката галерија „Хаузер и Вирт“ во Лондон, додека Џек Бруксбенк работи во секторите за угостителство и маркетинг.