Арнолд Шварценегер со години јаде иста вечера, откри што има на менито


depositphotos_167193206_s.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Арнолд Шварценегер не се откажува од своите навики во исхраната дури ни за време на празниците, па така на неговата трпеза нема да најдете традиционално божиќно печено месо. Веќе со години, славниот 79-годишен актер секоја вечер јаде исто: супа од зеленчук и салата од краставици.


Дури и по децении живот во Америка, тој не се откажал од вкусовите на својата татковина. Салатата секогаш ја зачинува со масло од семки од тиква, откри тој во интервју за Kronen Zeitung.

Околу 80 отсто од неговата исхрана се состои од храна од растително потекло, додека остатокот доаѓа од животински извори. Само повремено си дозволува стек, а една од причините поради кои го намалил внесот на месо е грижата за животната средина.

И на 79-годишна возраст, Шварценегер не размислува да стави крај на својата актерска кариера. Неговиот нов филм, божиќната комедија „The Man with the Bag“, пристигнува на платформата Prime Video на 2 декември.

Во филмот тој го игра Дедо Мраз и вели дека тоа е најзабавната улога во неговата кариера.

Славниот актер продолжува да тренира секојдневно, а на сите што сакаат да останат во форма – дури и во подоцнежните години – им советува од својот речник да го исфрлат изразот: „Престар сум за тоа!“.

„Мораме максимално да уживаме во животот сè до самиот крај и никогаш не смееме да престанеме да работиме на себе“, заклучи тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK