Адријана Лима, конечно, одговори на коментарите дека лицето ѝ пука од ботокс

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Изгледот на познатата бразилска манекенка Адријана Лима наголемо се коментира по нејзиното трето породување во август минатата година кога со филмскиот продуцент Андре Лемер го доби синот Сајан. Ваквите негативни коментари ја следат и откога пред неколку дена се појави на премиерата на филмот The Hunger Games: The Ballad of Songbirds & Snakes во Лос Анџелес.



Меѓу тие реакции беа и тврдењата дека модната ѕвезда направила одредени естетски зафати, а со месеци се шпекулира дека претерала со ботоксот.

И претходно се зборуваше дека лицето ѝ е ботоксирано, но Адријана Лима до сега не одговараше на ваквите коментари.

Бразилскиот модел објави фотографија на „Инстаграм“ без шминка и рече: „Лицето на уморна мајка на тинејџерка, две предтинејџерки, едногодишно дете, кое учи да оди, и три кучиња“.

„Ви благодарам што се грижите“.

Лима саркастично одговори со оваа последна реченица, а многумина ги збуни набројувајќи ги своите деца бидејќи се знае дека со Лемер го има синот Сајан, а во бракот со познатиот српски кошаркар Марко Јариќ ги доби ќерките Валентина и Сијена.

Познатата манекенка претходно во интервју за „Пипл“ коментира како нејзината трета бременост влијаела на нејзиниот изглед: „Секој ден морам да се потсетувам: „Слушај, прифати кој си. Прифати го своето тело. Ова е моментниот изглед откако се породив. Да, дадов нов живот, тоа е голем благослов. Секое тело поинаку реагира за време и по бременоста“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK