Како почетен дел од 8миот Сомборски стрип фестивал од 15.05 ,(понеделникот) отворена е изложба на стрипови од актуелни македонски стрип автори. Наместо првично планираното,заради актуелната ситуација во Р.Србија изложбата е отворена за посетители од 15.05.2023 во детското одделение на градската библиотека „Карло Бијелицки“ во Сомбор.
Изјава Томе Трајков- селектор и приредувач на изложбата ;
,,,“Организирањето на гостување на стрип центарот во Сомбор вклучено и оваа изложба е неколку годишна заложба којашто конечно се реализира. Истото претставува збогатување на досегашната соработка којашто се изведуваше преку учества на стрип конкурси и мегусебно информирање за други стрип настани во регионот и пошироко.
Избрани се стрипови од разни генерации, пријавени преку јавен повик и обезбедени авторски права. Доминираат стрипови од актуелните македонски автори што изложувале на Меѓународниот стрип-салон во Велес и во магазинот „Креатор“, единственото постојано стрип-издание кај нас,
Изложените стрипови стриповите се дела на цртачите: Ангела Петрушевска –Скопје , Дамјан Шокев -Скопје ,Дарко Богданов-Виница, Ѓургица Варела-Гевгелија , Илко Стојановски –Велес,Јана Бутеска –Скопје ,Лазар Ангелков-Велес, Максим Ристески-Скопје, ,Методија Стојановски-Куманово,Оливер Цветковски –Велес, Славица Купенкова-Скопје, Тоде Блажевски –Скопје и Цанко Стефанов од Скопје.
Како сценаристи на некои од делата беа застапени : Александар Стеванов од Штип, Ване Трајков од Велес, како и Александра Ристески , Војдан Андонов, Ѓоре Гелев (сите од Скопје )
Да потсетиме дека изложбата на избрани македонски стрип автори претставува воведен дел на 8 миот Сомборски мегународен салон на стрип и фантастика , на којшто ќе присуствувам во сабота 20.05 и недела 21.05. Подетални информации околу целокупниот фестивал ќе се објават по неговиот завршеток…“