„Фламинго“ потпетиците на „Москино“ многу брзо и речиси целосно распродадени

flamingo-potpetici
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Фламинго“ потпетиците од италијанскиот моден бренд „Москино“ (Moschino) се распродадоа речиси целосно, кусо време откако се појавија на пазарот.

Цената на чифт од овие необични салонки е 835 евра, а судејќи според нивната официјална интернет-продавница, тие сè уште се достапни само во малку броеви. Инаку, креативниот директор на овој бренд, Џереми Скот за овогодишната колекција пролет-лето се инспирираше од необичен додаток за летните забави на базени и плажи.


Линијата беше претставена уште лани во септември, на Модната недела во Милано, кога ревијата почна со црно-црвени комбинации украсени со срциња. Потоа следеа креации со цветни мотиви и палета неонски јакни.

Во таа смисла, посебно се истакнаа овие розови салонки со облик на фламинго на врвот, што го воодушевија модниот свет, па не чуди што уште сега се речиси распродадени. си/ссм/

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK