Обожавателите на турската глумица Биге Онал имаат можност секојдневно да се воодушевуваат на незината убавина и актерска игра во серијата „Мајка“. Во улога на силната Дидем, Биге ги освои гледачите во Турција и ширум Балканот, поради што новинарите го следат секој нејзин чекор.
Таа неодамна на својот Инстаграм профил сподели слики и видео како се шета и се воодушевува на извонредните уметнички дела кои се изложени во Музејот на сликарство и скулптура во Истанбул.
Биге е родена на 1 февруари 1990 година во Истанбул. Нејзиниот татко Ерхан Онал е поранешен фудбалер кој играл за Баерн Минхен и Галатасарај, а нејзината мајка Мине е поранешен модел. Во серијата „Мајка“ на Дизи, Биге како Дидем, портретира силна, амбициозна и тврдоглава девојка која уште од рана возраст сама научила да се бори да преживее. Нејзината мајка ја напуштила кога била бебе заради пари. Единствената желба на Дидем е да се збогати и да и се одмазди на мајка си.
„Мајка“ е повеќе од само серија – таа на извонреден начин ја прикажува силата и моќта на мајчината љубов. Џенет е спремна да направи се за своите ќерки. Но, откако ќе избега од своето родно место во потрага по подобар живот за своето семејство, таа не може да направи ништо без помошта на нејзиниот верен пријател Јилмаз. Но, каква зделка ќе склучи Дидем со Билал против семејството на Јилмаз?
Дознајте во новите епизоди на „Мајка“ секој работен ден од 20 часот на Дизи.