Скок на продажбата на „Порше“ во првото полугодие од 2023.

porsche
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ денеска објави голем скок во продажбата во првата половина од годината, благодарение на засилената побарувачка на домашниот и странскиот пазар воопшто. Тоа значи – од јануари до јуни се испорачани 167.354 возила, што е 15 отсто повеќе од истиот период лани, соопштија оттаму.







Најмногу е зголемена продажбата во Германија, па во другите европски земји, за 24 и 23 отсто, соодветно. Во Кина, бројката е за околу осум насто поголема, а во Северна Америка – околу 12 насто повеќе од лани.

– По првите шест месеци (од оваа година) може да бидеме задоволни со испораките, заклучи шефот на продажба, Детлев фон Платен.

Особено барани биле теренските возила – со 26 отсто повеќе продадени „Мекени“ и 12 насто повеќе „Кајени“. Се издвои и спортскиот автомобил „911“, со зголемување на продажбата за 21 отсто. Продажбата на електричниот „Тајкан“, од друга страна, е намалена за пет отсто, со продадени 17.991 автомобил, поради недостиг на делови, како што објави компанијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK