„Звукот на новата генерација“ во Филхармонија

filharmonija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Оркестарот на Македонската филхармонија вечер од 20 часот ќе го одржи концертот насловен „Звукот на новата генерација“ со студенти од Факултетот за музичка уметност во Скопје.

На програмата се дела од Моцарт, Дитерсдорф, Лобос, Шостакович и Сен-Санс и Џејкоб. Диригент е маестро Сашо Татарчевски.


Како солисти ќе настапат Кристина Љушкоска – флејта, Ивона Давидовска – контрабас, Андреј Ѓоршевски – гитара, Ивона Стојанова – пијано, Бојан Димитровски – пијано, Ангела Николовска – пијано, Дарко Гроздановски – виолина и Виктор Богоевски – тромбон.

Како што информираат од Филхармонија, на концертот ќе бидат доделени и награди за музичка критика на студенти од Факултетот за музичка уметност кои учествуваа на работилницата „Музичка критика“ и присуствуваа на концертот „Благден“ со диригентот Вања Ѓумар Николовски на кој беше изведена грандиозната Симфонија бр.5 од Густав Малер.

Работилницата се реализира како соработка помеѓу Филхармонија и Факултетот за музичка уметност и има цел да се поттикне продукцијата и интересот за пишување музички критики меѓу младите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK