Заврши третиот скопски поетски фестивал

Почнува-третиот-Скопски-поетски-фестивал.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со соло концертот на гитара на Александар Бошков и гостинот Ади Имери синоќа заврши третото издание на Скопскиот поетски фестивал.


Претходно се одржа и интернационалното поетско читање на кое настапија поетите Марам ал-Масри (Франција/Сирија), Имануел Мифсуд (Малта), Лана Деркач (Хрватска), Мартин Глаз Серуп (Данска), Драгослав Дедовиќ (Србија), Ален Брлек (Хрватска) и Николина Андова Шопова (Македонија).

Настаните од фестивалот се одвиваа на неколку локации во Скопје, и тоа: во Младинскиот културен центар ‒ Скопје (кино „Фросина“), во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ‒ Скопје и во кафе-книжарницата „Буква“, а настапија шест поети од странство и повеќе од 60 домашни поети пред публика од вкупно околу петстотини присутни.

Во програмата на фестивалот се одржаа неколку поетски читања, промоции на книги, изложба на фотографии, беа прикажани неколку поетски филмови, се одржа мастерклас, односно, работилница за креативно пишување поезија, панел-дискусија за зголемување на видливоста на македонската книжевност во странство и јога во природа со поетска медитација.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK