Започна Културно лето 2024 на Општина Кисела Вода

01-1-1-800x534.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

И покрај лошите временски услови, започна Културно лето 2024 на Општина Кисела Вода. На отворањето на настанот покрај градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, присуствуваше и министерот за култура и туризам Зоран Љутков кои заедно со бројната публика ја следеа програмата на првата од четирите вечери на оваа традиционална манифестација.


Вечерта ја отвори најнаградуваниот хор од ООУ “Кузман Јосифовски Питу”, кој предводен од нивната наставничка Вера неодмна се врати од натпреварот во Италија со 6 награди. Вечерта продолжи со концерт на КУД Китка од Драчево, а потоа и со ѕвездите од проектот “Македонијо во срце те носиме”. Културното лето продолжува утре вечер во паркот пред салата Расадник со 2 Бона и Пајак од 20:30, а два часа порано, во паркот Шопен ќе се одржи хуманитарна коријада организирана од Здружението на пензионери на Кисела Вода. Изразуваме надеж дека временските прилики ќе дозволат забавата непречено да се одвива.

-Продолжуваме утре со хуманитарна коријада во 18:30 часот, а потоа ќе ве забавуваат 2 Бона и Пајак. Се гледаме утре и се надевам дека временските услови ќе бидат на наша страна-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK