Врвниот светски електронски музичар Метју Џонсон со настап во живо на ПМГ Рекордингс фестивал 13

Врвниот-светски-електронски-музичар-Метју-Џонсон-со-настап-во-живо.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Втората фестивалска вечер на овогодинешното издание на ПМГ Рекордингс Фестивалот ќе се случи во дансинг салата во Младинскиот културен центар, оваа сабота, 14 октомври.


Предводена од реномираниот светски електронски музичар Метју Џонсон од Канада, програмата на втората фестивалска вечер ни носи и признати домашни продуценти и диџеи од електронската музичка сцена заедно со надоаѓачки таленти од младата генерација активни во полето на хип-хоп, трап, електронската и поп музика.

Метју Џонсон е врвен светски музичар. Уникатен артист, кој е повеќе од 20 години на самиот врв на електронската сцена. Неговата музика ужива култен статус помеѓу љубителите на електронската музика за танц. По настапите на сцените во Белгија, Шпанија, Германија, Италија, Србија, Малта, Англија и Јапонија, само во последните два месеци, оваа сабота ни доаѓа во Скопје со настап во живо на ПМГ Рекордингс Фестивалот. Тој активно работи како автор, продуцент и изведувач од 90-ти години на минатиот век. Во 2000-те Метју има веќе развиен и препознатлив аналоген звук.

Во 2010 го издава својот прв и култен албум „Agents of Time“ по кој следат уште три албуми и бројни синглови, ЕП-ја, ремикси и соработки. Неговата работа е видлива и ценета и во рамки на музичките состави „Cobblestone Jazz“, „Midnight Operator“ и „Modern Deep Left Quartet“ Звукот и репутацијата на Метју како уметник континуирано се развива, како што би очекувале за некој толку изразно богат и широко талентиран автор и изведувач. Следствено на тоа, публиката во светот, но и во Македонија, го препознава како уникатен музичар и изведувач, кој на своите концерти и овозможува максимално уживање. За ПМГ Рекордингс, квалитетот на музиката отсекогаш бил на прво место. Врвниот музички продукт на Метју Џонсон, заедно со големата популарност која ја ужива, е гаранција за настан од светски калибар, оваа сабота во Скопје. Несомнено електронски настан на годината во Македонија.

Македонскиот дел од програмата е резервиран главно за млади артисти, што ја потврдува позицијата на ПМГ Рекордингс за развој и поддршка на домашната сцена. Пред се, тука е извонредно талентираниот Young Dadi, кој со својот уникатен бленд на хип-хоп, електроника и поп, моментално е помеѓу најпопуларните млади артисти во земјава. Неговата екипа се состои од младите и перспективни диџеи и продуценти 5R и DIMCHUGA, а во рамките на настапот на нашата млада македонска ѕвезда на вечерта Young Dadi, ќе се приклучи и најмладиот, надежен рапер Vanski. Оваа екипа на талентирани млади музичари ќе ја отвори програмата на втората фестивалска вечер.

Андреја Салпе е несомнено водечки артист на нашата електронска танцова сцена. Неговите последни изданија „Metropoli“ и „Relationships” го потврдуваат тоа. Еден од најбукираните артисти во последно време, задолжен да ја “загрее“ атмосферата за фантастичниот Метју Џонсон.

Вечерта ќе ја затвори Горан Кан, добро познат артист на македонската електронска сцена. Врвен диск џокеј, со многу изданија за домашни и странски дискографски куќи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK