Во Куманово годинава зголемен број на запишани првачиња

opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Секторот за образование Куманово информираше дека годинава, за разлика од претходните зголемен е бројот на запишани првоодделенци во 16-те основни училишта на подрачјето на општината. Според податоците, годинава се запишале 1.047 првачиња.

– Бројката за упис на првачиња е во мај и го затвораме на први јуни и училиштата објавуваат прелиминарни листи, но уписот не е завршен. Досега она што го имам добиено од основните училишта вкупно се запишани 1.047 првачиња што е добра бројка во споредба со лани, кога имавме запишани 1.075 во септември. Мора да потенцираме дека уписот трае сè до отпочнување на учебната година што со години го покажува праксата. Има родители кои се на привремена работа или поради друга оправдана причина ги немаат запишано учениците во прво одделение, што значи очекуваме и оваа бројка да се зголеми, изјави раководителот на секторот, Александар Јовановиќ.


Најмногу интерес има во централите училишта и во поголемите населби во Куманово. Таму има паралелки со по 30 ученици. Проблем остануваат руралните средини, пооддалечените места.

– Таму има по еден ученик и ќе чекаме имаме идната недела обука за претстојниот процес на оптимизација кој го најавува Министерството за образование да видиме што ќе се прави и што ќе изготви министерството како и тогаш ќе знаеме кои ученици ќе си останат во подрачните училишта или ќе треба да организираме посебен превоз да ги донесеме во централните или во најблиското училиште. Или да видиме како министерството дали ќе стартува од оваа учебна година или од наредната. На старт сме на процес кој ќе е долготраен и ќе се изврши ново мапирање на училишта не само во Куманово, туку и на ниво на државата, изјави Јовановиќ.

Скоро сите училишта во Куманово и не само од урбаните средини туку и од руралните имаат подрачни училишта насекаде во пооддалечените места во кумановско.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK