Во КИЦ изложба по повод 70 години од раѓањето на Димче Николов

izlozba
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Културно-информативниот центар во Скопје денеска ќе биде отворена изложба на графики и цртежи на графичарот Димче Николов. Со оваа изложба, КИЦ свечено ја обележува 70 годишнината од неговото раѓање







Димче Николов е роден во Битола на 21 февруари 1953 година. Своето ликовно образование го започнува во училиштето за применета уметност во Скопје, а го продолжува на Академијата за ликовни уметности ви Љубљана, на сликарскиот оддел кај проф. тефан Планинц. По дипломирањето се запишува на постдипломски студии по графика како професор Богдан Борчиќ, кој ќе одигра клучна улога во неговата определба да ја одбере графиката како примарен ликовен израз и на која ќе се посвети во текот на целиот свој животен век.

Учествувал на повеќе од 240 графички изложби и меѓународни графички биеналиња, како домашни, така и меѓународни. Добитник е на голем број награди и признанија.

Во средината на осумдесетите години се враќа од Љубљана во земјава каде е назначен за професор на Факултетот за ликовна уметност, отсек графика, во Скопје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK