Во битолскиот театар премиера на претставата „Брод за кукли“

kultura
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ансамблот на НУ Народен театар-Битола вечер на матичната сцена премиерно ќе ја изведе претставата „Брод за кукли“ од Милена Марковиќ, во режија на Кокан Младеновиќ.

„Брод за кукли“ на Милена Марковиќ е приказна за една или за сите женски судбини, или за сите човечки судбини – како една жена го доживува својот живот како серија на неостварени бајки, вели режисерот Младеновиќ во пресрет на вечерашната премиера во Битола.


-Сите ние сме во позиција да го преиспитаме нашето живеење, и малкумина од нас сме задоволни од сопствениот живот. Тие бајки без среќен крај го одбележуваат животот на луѓето на овие простори, тука каде што ние живееме, каде сѐ се случи по распадот на земјата, со распадот на економскиот и политичкиот систем и создаде нервозни, гладни и понижени луѓе кои живеат несреќен живот. Таа потрага по смислата на сопствениот живот во серии на неоствареност е нешто што ја прави величенствена оваа поезија на Милена Марковиќ, како литературно така и како сценско дело, посочи Младеновиќ.

„Брод за кукли“ – во седум заплети и седум различни амбиенти се однесува на седумте инкарнации на хероината и седумте метаморфози на нејзиниот пасивен женски принцип. Во претставата ќе настапат актерките Сандра Грибовска – Илиевска, Викторија Степановска – Јанкуловска, Илина Чоревска, Катерина Аневска – Дранговска, Валентина Грамосли и актерите Петар Спировски, Мартин Мирчевски, Никола Пројчевски, Марјан Георгиевски, Филип Мирчевски, Живко Борисовски, Огнен Дранговски, Петар Горко и Никола Стефанов.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK