Во Битола промовиран првиот број на е-изданието „Бели хоризонти“

bitola-beli horizonti
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Културно-информативен центар, КИЦ-Битола го промовира првиот број на електронското списание за култура „Бели хоризонти“.

Иницијатор и автор на списанието е битолскиот ликовен критичар и уметник Владо Ѓоревски, а уредник е директорката на КИЦ Битола, Лили Бошевска.


Според концептот, списанието е отворено за млади и нови автори, а КИЦ-Битола ќе го издава како тримесечник.

Во првиот број застапени се повеќе теми, „100 години од Улис Џемс Џојс“, портрет за Владимир Костов, проза, поезија, извадоци од романи, како и посебен осврт за првата македонска опера „Гоце“ на авторот Кирил Македонски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK