Во рамки на априлската филмска програма на Кинотеката ќе се одржи циклус филмови Вишеградска група В4 филмски вечери, посветена на кинематографиите на Република Чешка, Република Полска, Република Словачка, и Република Унгарија кои се дел од Вишеградската група.
Циклусот ќе започне на 5 април во 20 часот со проекцијата на комедијата Празни Шишиња, во режија на Зденек Сверак, по што ќе следи проекцијата на филмот Студена Војна на Павел Павликовски на 6 април. Веќе следната недела ќе бидат прикажани и филмовите Инвалид на словачкиот режисер Јонас Карасек на 12 април и Плоштад Москва на унгарскиот режисер Ференц Торок на 13 април.
Сите проекции се бесплатни за сите посетители.